×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП: Недопустливо е во Куманово да не работи мерната станица за воздух

    11.12.2015 13:02 | KumanovoNews

    Од Либерално-демократската партија денеска на прес-конференција ја обвинија власта дека не води грижа за кумановци, а доказ за тоа е што мерната станица за загаденоста на воздухот не работи.

    ЛДП: Недопустливо е во Куманово да не работи мерната станица за воздух

    Од ЛДП велат дека градот има 30.000 регистрирани возила, голем број домаќинства се загреваат на дрва, а при тоа граѓаните немаат информации за загаденоста на воздухот.

    Иако како ЛДП уште минатата година реагиравме за овој проблем, Министерството за животна средина и просторно планирање секоја година го дава истиот одговор, а тоа е дека е распишан тендер за набавка на резервни делови. Таков одговор добивме минатата година, исто како и предминатата и годините пред тоа. Сакаме да потсетиме дека мерните станици поставени низ градовите во Македонија вклучително и таа во Куманово, се поставени во период од 2003 до 2006 година кога министер за животна средина беше сегашниот потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ. После 10 години владеење оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ се покажа до таа мера неспособна да не може да ја поправи мерната станица во Куманово, а не пак да постави нова и функционална - изјави Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП.

    Јаневиќ вели дека со доаѓањето на новата власт во април, ЛДП ќе посвети внимание на животната средина, а мерната станица во Куманово ќе биде приоритет.