Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на Либерално демократската партија, како дел од коалицијата Сојузот за иднината, синоќа отвори свој штаб во населбата Карпош.
Притоа ЛДП ги промовираше своите кандидати за советници како и советниците од Сојузот за иднината.
Многу ми е драго и ми претставува исклучително задоволство што вечерва сме тука во Карпош, затоа што никој неможе да биде градоначалник на Куманово и да добие мнозинство во Советот на општината ако не победи во Карпош. Ве повикувам до 24 март сите вие да ги исклучите вашите телевизори, затоа што таму се прикажува еден друг виртуален свет, свет кој што не постои во реалноста. Ова е реалноста денеска, полни штабови, полни сали, полни плоштади од луѓе кои на 24 март со давањето на својот глас на Сојузот за иднината ќе упатат јасна порака до ДПМНЕ дека сакаат предвремени парламентарни избори-изјави Ивица Костовски, кандидат за советник на ЛДП.
Тој додаде дека доколку на 24 март граѓаните го заокружат бројот 42 имаат шанса да ги вратиме насмевките на лицата, да се запре оваа погубна економска политика, меѓутоа најважното од се шансата да се врати државата назад, на граѓаните.
Како кандидат за советник се обврзувам дека граѓаните и никој друг ќе ми бидат на прво место. Со заокружување на 42 да ја продолжиме оваа успешна приказна за која веќе 8 години под водство на Зоран Дамјановски ја гледаме во Куманово и на 24 март сите заедно на градскиот плоштад да прославиме една голема победа- рече Костовски.
Пред присутните се обратија и кандидадите за советници од СДСМ, НСДП и ВМРО-НП.