×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП со честитка до претседателот на УМС

    17.09.2014 08:39 | KumanovoNews

    Општинската организација на Либерално-демократската младина му го честита изборот на Марио Цветковски за нов претседател на Унијата на Млади сили на ДПМНЕ.

    ЛДП со честитка до претседателот на УМС

    Тие сметаат дека новоизбраниот претседател стапува на оваа должност во време кога младите поради големата неперспективност се помасовно заминуваат во странство со карта во еден правец.

     -Ние од ЛиДеМ веруваме дека Цветковски ќе се залага за самосвесни и критички настроени млади луѓе, кои ќе бидат вистински двигател на македонското општество а не партиски поданици и послушници чија главна животна цел ќе биде вработување во државна администрација. Исто така, за остварување на ваквата цел потребно е демократско општество, со независни институции кои имаат силен демократски капацитет и медиуми кои објективно и непристрасно ќе ја информираат јавноста за општествените случувања-велат од ЛДП.

    Од партијата сметаат дека новоизбраниот претседател го чека многу работа за остварување на овие цели.