×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лицата со ниски примања да не доаѓаат во ФЗОМ за пререгистрација

    08.02.2016 11:06 | KumanovoNews

    Продолжува автоматската пререгистрација за лицата со ниски примања, информираат од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

    Лицата со ниски примања да не доаѓаат во ФЗОМ за пререгистрација

    Оние кои во минатата година оствариле нето приход под 115.080 денари,  нема потреба да дојдат во подрачната служба на Фондот да се пререгистрираат и нивното здравствено осигурување автоматски ќе се продолжи. Лимитот според кој граѓаните го остваруваат ова право бележи континуиран раст од 96,600 денари во 2014 година до 115.080 денари, што е последица на растот на минималната плата.

    Фондот автоматски ќе ги пререгистрира и лицата кои последните два месеци од 2015 година, оствариле приход помал од 19.180 денари, а се во категоријата на осигуреници кои оствариле приход од 115.080 до 193.608 денари минатата година.

    На осигурениците на кои автоматски ќе им се продолжи здравственото осигурување, нема да добиваат нови решенија по пошта. Лицата на кои нема да им се продолжи здравственото осигурување поради повисоки приходи од наведените лимити,  ќе добијат решение по пошта и ќе треба да дојдат во подрачната служба да го регулираат своето здравствено осигурување.