Ликовна колонија во „Бајрам Шабани„
Основци од повеќе кумановски училишта, денеска, изработуваат скулптури во просториите на основното училиште “Бајрам Шабани“.
Ликовната колонија ја организира Здружение за грижи и воспитување на децата Куманово по повод 11 ноември - Денот на ослободувањето на градот, а најдобрата скулптура во петок ќе му биде подарена на градоначалникот Зоран Дамјановски.
“Учениците ќе изработуваат скулптура - муза на уметноста. Тоа е една активност која традиционално ја правиме секоја година. Оваа колонија не е со натпреварувачки карактер. Сите екипи ќе добијат дипломи за учество, а нивните професори пофалници“ - изјави Виолета Стошевска, претседател на Здружение за грижи и воспитување на децата Куманово.
Учениците изработуваат скулптури од светот на музиката и ликовната уметност.
“ Конструкцијата е направена од жица. Потоа учениците платната ги топат во гипс и ги завиткуваат. Куманово е град на уметноста и ние одбравме тема да ни биде музите на уметноста, одевме во тој правец“ - вели Имер Зимери, наставник по ликовно образование во “Бајрам Шабани“.
Здружението за грижи и воспитување на децата десетина години организира ликовни колонии за ученици.