Ликовна колонија во ОУ “Вук Караџиќ“
05.11.2013 13:28
| KumanovoNews
По повод празникот на градот, утре во ОУ “Вук Караџиќ“ од 9 до 11 часот ќе се оддржи ликовна колонија.

На колонијата ќе учествуваат по два деца од повеќето основни училишта од градот и ќе изработуваат слики со поликолор. Настанот е традиционален и се оддржува втора година по ред.
Претходно Здружението за грижи и воспитување на децата со години организираше ликовен конкурс.