Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Горан Стојковски Линка (50) од Куманово, синоќа бил застрелан со 6 куршуми од пиштол во главата, пред влезот на зградата во која живеел во трговскиот центар Гарнизон, во центарот на Куманово. Безживотното тело го пронашол негов сосед, кој случајот го пријавил во полиција.
Сведоци на убиството нема, а соседите од зградата слушнале неколку истрели од огнено оружје, но помислиле дека некој пука петарди. Критичната вечер Стојковски со кола го одвезол синот до неговиот стан, а потоа свратил во продавницата од другата страна на улицата. Купил кисела вода и тргнал кон дома. Најверојатно тогаш го пресретнал убиецот и пукал во него. Шишињата со вода и денеска беа на местото на убиството, каде што имаше траги од крв, а беше обележено и местото каде се пронајдени чаурите. Телото нa починатиот е предадено на обдукција.
Полицијата привела 13 лица на информативен разговор за кои постои сомнение дека се вмешани во убиството, земена им е парафинска ракавица.
Горан Стојковски Линка, пред 6,5 години пред неговиот ноќен клуб „Линка„, ги уби Горан Георгиевки Мујо и Недад Вељковски Чавка, а рани уште 3 лица. Причината за убиството беше долготрајна нетрпеливост и напад од Мујо врз неговиот син Марко. Веднаш по убиството тој успеја да побегне, и неколку дена се криел во викендичка во Штип, а потоа сам се предаде на полицијата.
Стојковски беше осуден на 8 години затвор, а пред 6 месеци ја одлежал казната и се вратил дома.