Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Локален форум за соодветна и правична застапеност на малцинствата денеска се оддржа во Куманово во организација на ЗЕЛС и Институт за развој на заедницата Тетово.
Направено е истражување на територија на цела држава за да се види правичната застапеност на 7 етнички заедници на централно и локално ниво. Истражувањето е направено во 19 општини каде има 20 отсто од една малцинска етничка заедница.
Опфатени се луѓе од македонската, албанската, влашката, турската, ромската, српската и бошњачката етничка заедница во средини каде се малцинство. На пример Македонците во Тетово, Власите во Струга, Албанците во Крушево. Со ова истражување се надеваме дека ќе придонесеме кон научната и стручната дебата за примена на начелото на правична застапеност по 12 години од потпишување на Рамковниот договор - изјави Маргита Стојановиќ, координатор на проектот.
Испитаниците одговориле дека неправедно се распределуваат раководните места на локално ниво, а како причини ги навеле партиските врски и припадност. За тоа дали постои правична застапеност во институциите, граѓаните најчесто се информираат од медиумите и од пријатели.
Испитаниците одговориле дека правичната застапеност треба да се регулира со закон и со посилна контрола од централната власт.