Мени

Локализирани 13 пожари за три дена

12.08.2013 10:06 | KumanovoNews

 Изминативе три дена противпожарната единица Куманово локализирала 13 пожари од кои повеќето биле предизвикани од запалени стрништа.

Локализирани 13 пожари за три дена

Во петок и за викенд најголем број од интервенциите беа на отворено. Имаше запалени стрништа во атарот на селата Черкезе, Никуштак, Љубодраг и Романовце. Еден овоштарник во Бедиње кај фабриката “ФЗЦ“ е оштетен од пожар - рече Дејан Илиевски, командир на противпожарна единица Куманово.

Деновиве пожарникарите интервенирале и на автомобил марка “бмв“ на бензинска пумпа на излезот од градот.

Автомобилот почнал да чади, по што сопственикот побарал помош. Огнот брзо е ставен под контрола и е причинета мала материјална штета.