Мени

„Мацкаш или мачкаш?“ - пристигна новата павлака од Бучен Козјак што го заокружува секој оброк

21.10.2026 12:14 | KumanovoNews

Омилениот домашен млечен бренд „Бучен Козјак“, кој со децении е синоним за традиција, квалитет и автентичниот вкус на македонската трпеза, го проширува своето портфолио на производи со најновиот - павлака.

„Мацкаш или мачкаш?“ - пристигна новата павлака од Бучен Козјак што го заокружува секој оброк

Со идеална кремаста текстура и совршено избалансиран вкус, новата павлака е создадена да биде неодолив дел од секој појадок, ручек или ужина. Независно дали ја користите како додаток во омилените традиционални јадења, подлога за вкусни намази или за мацкање на свежо печено лебче и крцкави закуски, таа носи совршено уживање во секој оброк.

Лансирањето на новиот производ го следи и забавната кампања предводена од дилемата што веќе ги освојува сите генерации: „Мацкаш или мачкаш? Павлака од Бучен Козјак!”

Секојдневието носи различни навики на масата, но вистинските вкусови ги спојуваат сите генерации. Новата Павлака од Бучен Козјак е создадена според проверена рецептура која ги спојува традиционалниот квалитет и современите потреби на секое семејство. Таа е веќе достапна во сите поголеми маркети и локални продавници ширум земјата.
 
Бучен Козјак е еден од водечките производители на млеко и млечни производи во Македонија. Со традиција повеќе од четири децении, современа технологија и високи стандарди за квалитет, брендот секојдневно носи свежи и здрави млечни 100 % природни производи во домовите ширум земјата.

(ПР текст)