Македонски и бугарски бендови свиреа во Куманово
Концертот на победниците на "Rock’n Pop the Borders" се оддржа синоќа на Градскиот плоштад во Куманово.

Кумановци уживаа во музиката на "Problem Solved", "TV Range","Визија" и "Polemique" од Македонија, а од Бугарија настапија бендовите "Enkhaosment", "Chainsaw Babieс", "Bunch of Assholes".
Рок спектаклот е дел од завршната манифестација на проектот, финансиран преку преку ИПА од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија кој го реализираат "Регионален центар за одржлив развој" од Кратово и "Партнери - Дупница" од Дупница, Бугарија.
"Овие бендови се натпреваруваа за избор за најдобра авторска песна за млади бендови од Бугарија и Македонија. На оваа манифестација и претходеа повеќе активности, меѓу кои и основање на веб платформа на која што заинтересираните бендови можеа да се регистрираат, по што следеше онлајн гласање"- рече Јасмина Давитковска од "Регионален центар за одржлив развој" од Кратово.
Целта на проектот е промоција на младите автори на рок и поп музиката во двете земји.