Македонски и српски службеници со заедничка канцеларија на Табановце
26.08.2015 06:44
| KumanovoNews
Ќе се формира заедничка зона во која персоналот заеднички ќе ги извршува обврските, за побрзо и полесно патување преку Коридорот 10, преку железничкиот граничен премин Табановце - Прешево.

Ова ќе се постигне со ратификација на Спогодбата помеѓу владите на Македонија и на Србија, за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце-Прешево. Таа денеска е изгласана на собраниската Комисија за надворешна политика. Со оваа Спогодба е дефинирано дека заедничка гранична станица би била Табановце, која е на македонска страна.