×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Малите и микро претпријатија да се пријават за проект на УСАИД

    03.12.2015 09:39 | KumanovoNews

    До крајот на декември траат уписите во проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија.

    Малите и микро претпријатија да се пријават за проект на УСАИД

    Претприемачи, менаџери и сопственици на бизниси од нашиот регион можат да станат дел од проектот, кој го поддржува растот на претприемачите и нивните микро и мали претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извозот и инвестиции.

    Проектот е наменет за перспективни менаџери и претприемачи,  сопственици на микро и мали бизниси, со цел да им се овозможи пристап до нови знаења, експертиза и алатки за успех во бизнисот. Проектот се спроведува низ три компоненти: програма за претприемачи, услуги за бизнис поддршка и приватен капитал, квази капитал и бизнис ангели.

    Можат да се пријават сопствениците или менаџерите на микро и мали претпријатија, кои имаат до 50 вработени, имаат потенцијал за раст, извоз и можности за креирање на нови работни места.

    Повеќе информации заинтересираните можат да најдат на www.ceed-macedonia.org.