×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мало осветување на црквата „Свети Спас“

    28.09.2015 12:21 | KumanovoNews

    Мало осветување на црквата „Свети Спас“ вчера беше извршено во населбата Долно Којнаре.

    Мало осветување на црквата „Свети Спас“

    Од Кумановско-осоговска епархија велат дека ова мало осветување се прави за да се осветат иконите и во храмот да може да се вршат богослужби. Осветувањето се совпадна со празникот Крстовден.

    Црквата е оформена и може да се служи и ние на таква радост да учествуваме, да го кренеме крстот високо и на црквата и на влезот и во нашите срца да ни биде како заштитник од лошите сили. Секоја недела ќе има литургија“ - изјави отец Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско-осоговска епархија.

    На осветувањето присуствуваше градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски кој кажа дека дава поддршка на иницијативите за изградба на верски храмови.

    Јас како човек од православна вероисповед учествувам во сите такви иницијативи и лично и како локална самоуправа. Во неколку цркви јас и моето семејство учествуваме со донации во рамки на нашите можности, а локалната самоуправа помогна во решавање на комуналната инфраструктура да дојдеме до ова што денеска го гледате, осветлување, приодни патеки и она што е потребно за функцинирање на овој свет храм“ - вели Дамјановски.

    Зоран Петрушевски, претседател на месната заедница во Долно Којнаре рече дека осветувањето е важно за нив, затоа што после 100 години успеале да изградат црква.

    Пред 2 години во месна заедница формиравме црковен одбор и одлучивме да ја изградиме црквата “Свети Спас“. Со помош на општина Куманово и Македонска православна црква и жителите на месна заедница Долно Којнаре со донација ја изградивме оваа црква“ - рече Петрушевски.

    Тој се заблагодари на сите донатори и фирми кои донирале средства за изградба на црквата и апелираше онаму каде е потребно да помагаат за изградба на цркви, за зближување на христијаните.