Манифестација „Пензионерите за својот град“
28.10.2014 14:58
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во четврток во 19 часот ќе се одржи манифестацијата “Пензионерите за својот град“, организирана од Здружение на пензионери Куманово.

Дел од програмата ќе бидат музика, песни, ора и хумор. Пред публиката ќе настапи културно - уметничкото друштво “Ѓоко Симоновски“ и гостите од Здружение на пензионери Кочани. Оваа манифестација пензионерите ја организираат во чест на 11 ноември - Денот на ослободување на Куманово.
За посетителите влезот е слободен.