×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Марко Врдољак од Хрватска ќе одржи предавање за фотографија во Куманово

    10.01.2020 18:39 | KumanovoNews

     Во просториите на Фoто клуб Куманово, утре со почеток во 19:30 часот, предавање за фотографија ќе одржи Марко Врдољак од Хрватска.

    Марко Врдољак од Хрватска ќе одржи предавање за фотографија во Куманово

     Марко Врдољак е еден од најпознатите репрезенти на модерната хрватската фотографија. Досега има објавено 10 монографии: „Загребачка жупанија”, „Национален парк Бријуни” (2010), „Неверојатна Хрватска”, „Нерезини”, „Национален парк Рисњак”, „Загреб”,„ Големината на скромниот”, фотомонографија за убавината на женското тело и други.  

    Своите трудови Врдољак ги има претставено на стотини изложби во Хрватска, САД, Канада, Русија, Италија, Литванија, Полска, Словачка, Исланд и други држави.

    Добитник е повеќе награди и признанија меѓу кои се истакнува една од најпрестижните фотографски награди во Хрватска „Тошо Дабац“, за големиот допринос што го има оставено за афирмацијата на фогографската уметност воопшто.