Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мартин Костовски е нов претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.
Костовски да го води огранокот на партијата во наредните 4 години, синоќа одлучил лидерот Зоран Заев. Се смета дека програмата и подршката на членството во Куманово придонело Костовски да го добие мандатот. Костовски во изминатиот период беше секретар на општинската организација на СДСМ.
Во трка за претседатели на СДСМ Куманово беа и Љубиша Николиќ, директор на Гимназија „Гоце Делчев“ и Гордица Бошковска, правник во Регионалниот синдикат.
Новиот претседател најави дека утре на прес-конференција ќе се обрати на членството и граѓаните.
Во изминатите 4 години кумановските социјалдемократи ги водеше Снежана Захариева.