Маскенбалот “Батко Ѓорѓија 2014“ во сабота
07.05.2014 07:59
| KumanovoNews
На маскенбалот “Батко Ѓорѓија 2014, кој ќе се одржи во сабота на Градскиот плоштад ќе учество ќе земат околу 3000 ученици од градот.

- Ќе учествуваат градинки, основни и средни училишта, групи граѓани и гости од Струмичкиот карневал. Маскенбалот е со натпреварувачки карактер и ќе има награди за најдобрите во сите категории - вели Жика Крстевски, раководител на сектор за култура и спорт во Општина Куманово.
Традиционалниот маскенбал “Батко Ѓорѓија“ во организација на локалната самоуправа се оддржува 11 - та година по ред.