Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Волонтери од Црвен Крст денеска на Градскиот плоштад продаваа првоаприлски маски, а средства ќе употребат за лекување на Никола Вулетиќ.
Маските се рачно изработени од соучениците на Никола и волонтери од Црвен Крст.
Ова е продолжение на акцијата за помош на Никола Вулетиќ. Маските ги изработуваа деца од 3,4,5 одделение од “Кочо Рацин“ заедно со волонтерите. Добро оди за почеток и утре очекуваме поголем одзив бидејќи е 1 април. Се трудиме да продадеме што повеќе маски и да обезбедиме повеќе средства за Никола - рече Раде Ристиќ, волонтер во Црвен Крст.
Ваква акција беше организирана и за време на викендот.