Матичар ја злоупотребил службата
03.07.2014 12:02
| KumanovoNews
Матичар незаконски склучил брак меѓу македонски и странски државјанин.
И.З.(54) од липковското село Слупчане, матичар во Управа за водење на матични книги Куманово незаконски склучил брак меѓу македонски и странски државјанин, иако странецот немал согласност од Инспекторат за странци. Со тоа ги прекршил одредбите од Законот за матична евиденција и Прирачникот за матичари издаден од МВР.
Против И.З. е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување.