×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матурантите полагаат екстерно тестирање

    25.01.2016 09:37 | KumanovoNews

     Започна екстерното тестирање на матурантите во Куманово.

    Матурантите полагаат екстерно тестирање

    Во дел од средните училишта се пожалија дека имале проблеми со симнувањето на тестовите, поради што екстерното малку доцнеше.

    „Имаме мал технички проблем. Денеска кај нас се тестираат 123 матуранти и ќе имаат еден час за да ги одговорат прашањата. Се работи за 30 прашања“- кажа Горан Димитријевиќ, директор на „Гоце Делчев“.

    Полагањето ќе го следат и претставници од Државниот просветен инспекторат.

    „Денеска екстерно полагаат матурантите. Секој ученик полага различен предмет. Ние сме подготвени, учениците се дојдени и ќе се тестираат 63 матуранти“-вели Весна Трајковска, директорка на „Киро Бурназ“.

    Од „Перо Наков“ потврдуваат дека кај нив екстерното тече нормално и дека ќе се тестираат 145 ученици на македонски јазик и 21 на албански јазик.

    Од техничкото училиште „Наце Буѓони“ објаснуваат дека имале мали проблеми со тестовите, а тестови ќе решаваат 171 ученик на македонски јазик.

    Екстерното тестирање ќе го полагаат 19.931 матуранти на ниво на држава, според податоците од Државниот испитен центар.