Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вториот дел од екстерните тестови матурантите го полагаат утре со почеток во 10 часот. Дел ќе полагаат математика, но повеќето ученици избрале странски јазик.
Ќе се полагаат англиски, француски, руски јазик, математика основно и напредно ниво. Ќе биде опфатен материјалот од четири години. Со ова екстерниот дел завршува и следува интерниот дел од матурата. Кај нас 70 ученици редовни и 22 вонредни кои на 18 јуни ќе полагаат македонски јазик, стручен предмет и проектна задача за завршен испит, а остатокот ќе полагаат државна матура - велат од техничкото училиште “Наце Буѓони“.
Интерниот дел ќе има две тестирања. Ќе се полага еден стручен и еден општообразовен предмет. Во “Наце Буѓони“ годинава има 269 матуранти.