Маж починал во бањата Стрновац
Маж синоќа починал во базенот со топла вода во бањата Стрновац.
Безживотното тело на човекот, било пронајдено околу 22.30 часот на влезот во базенот . На лице место пристигнала полиција и лекар, при што е констатирано дека се работи за непознато машко лице кое е најдено починато на скалите со лицето свртено во водата.
При првичниот преглед, лекарот утврдил дека нема видливи траги на насилство, а увид извршила и екипа од СВР Куманово.
Телото не е идентификувано, а нема пријавено исчезнато лице.
По наредба на Јавното обвинителство телото е предадено на обдукација. Се работи на расчистување на случајот.
(фото архива)