Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре во Уметничка галерија, ќе биде отворена петтата Mеѓународна изложба на уметничка фотографија "Фото Салон Куманово 2010". Отворањето е закажано во 20 часот.
Организатор на изложбата е Фото Кино Клуб "Козјак 50" од Куманово, кој годинава обележува 60 години од основањето. На престижната 5-та Меѓународна Изложба на Уметничка Фотографија – „Фото Салон Куманово 2010„ на слободна тема пристигнаа 1038 фотографии на 262 автори од 47 земји.
Петиот Интернационален „Фото Салон Куманово 2010„ повторно е под покровителство на Светската Федерација на Уметничка Фотографија – FIAP со седиште во Париз. Фото Салонот моментно е единствена изложба од Македонија која е под покровителство на FIAP.