Меѓународна изложба на уметничка фотографија “Малиник“
10.06.2015 09:09
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, ќе се одржи првата меѓународна изложба на уметничка фотографија со наслов “Малиник“.
Изложбата ја организира Фото арт Ф7 групата која функционира во Центарот за култура. Ќе биде изложен богат опус со педесетина фотографии од автори од целиот свет. Има лајф, микро фотографии, портрети и друго. “Малиник“ во Куманово ќе биде поставена една недела, а потоа ќе гостува во градовите низ Македонија.