Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во 19.30 часот ќе биде отворена првата Меѓународна изложба на уметничка фотографија „МОТУС 2024“, која ја организира Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности - МОТУС од Куманово, преку својот Фото клуб - Мотус.
На изложбата ќе бидат поставени вкупно 54 фотографии.
„На конкурсот се пријавија вкупно 150 автори од 44 држави со вкупно пријавени 1726 фотографии во три категории. Од вкупниот број на пријавени автори и фотографии жирито избра вкупно 508 фотографии од 130 автори од 41 држава. Жирито беше во состав: Дејан Ангеловски - Македонија, Борислав Миловановиќ - Србија и Самир Захировиќ – Босна и Херцеговина“, велат организаторите.
Изложбата е финанскиски поддржана од Општина Куманово, преку програмата за културни манифестации за 2024 година, а е под патронат на Меѓународната федерација на Фотографска уметност, Фото сојуз на Македонија и Меѓународна фото асоцијација Дунав. Ќе биде отворена до 22 јануари 2025 година.