Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во чест на Виолета Деур, почесен претседател на Здружението “Нада Михајлова“ утре во Центарот за култура ќе се одржи Меморијална вечер.
Членови од поетскиот клуб “Обденица“ ќе презентираат песни. Соработници на Виолета Деур ќе имаат обраќање, а ученици од нижото музичко училиште “Панче Пешев“ ќе изведат неколку музички точки. Јас и пратеникот Оливер Спасовски ќе го откриеме портретот на паното во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ кој се до вечерта ќе биде покриен - вели Зора Ивановска, претседател на Здружение “Нада Михајлова“.
Виолета Деур на кумановската јавност и е позната како поранешен директор на Пионерски дом. Меморијалната вечер почнува во 19.30 часот.