Месните заедници се во лоша состојба
Месните заедници се во лоша состојба, констатираа повеќето советници на последната седница на Советот на општина Куманово.

Тие бараат општината да преземе мерки, да одвои повеќе средства за нивно уредување затоа што од нив потекнуваат идеите за проекти. Велат дека три години ништо не е направено за уредување на месните заедници. Беше кажано дека инвентарот е стар, а во некои населени места состаноци се држат на отворено.
Состојбата е катастрофална, состаноци се држат на отворено. Да почнеме да водиме ред за сите урбани и месни заедници - рече Христина Краиновиќ, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.
Методија Бојковски од секторот за правни работи во општина Куманово, рече дека на терен претходно комисија од Советот направила увид за тоа во каква состојба се месните заедници.
Каква е состојбата со месните заедници, опишано е во самата информација. Претходниот Совет се зазеде да ги провери сите месни заедници на лице место. Вие имате слика. Ставот беше да се најде кои се во најлоша состојба - рече Бојковски.
Тој додаде деа се средени месните заедници во Зелен Рид, село Брзак, Косматац и ред други. Пред советниците кажа дека Куманово има 50 месни заедници и 16 урбани.
Советниците ја усвоија информацијата за состојбата со просторните услови за работа на урбаните и месните заедници во општина Куманово.