Милица Кузмановска на “Рома труба фест“
Утревечер на Градскиот плоштад Куманово во 19 часот ќе започне осмиот по ред „Рома труба фест 2013„.
Фестивалот ќе го отвори фолк-пејачката Милица Кузмановска која ќе ја отпее химната на Ромите „Џелем, Џелем„.
Специјални гости на вечерта ќе бидат Милица Кузмановска и Христијан Азировиќ од Бојник, Србија, кој е овогодишен победник на Гуча 2013. Програмата ќе трае три часа а ќе се натпреваруваат најквалитетните оркестри од земјва и регионот. Се надевам дека публиката ќе ужива во звуците на трубата како и предходните години.- вели Самет Салиовски, уметнички директор на фестивалот.
На манифестацијата ќе учествуваат оркестрите: “ Џамбо Агушеви“ и “Млади Агушеви“ од Струмица, “Левис“ од Виница, “Уска Кан Кантуров“ од Берово, “Сергин Дурмишев“ од Штип. Гости на вечерта ќе бидат пејачот Нино Величковски, Феруз Мустафов, и најдобриот трубач од Џамбо Агушеви. Од Србија доаѓаат гостите : оркестар “Бојан Ристиќ“ од Владичин Хан и оркестар “Елвис Бајрамовиќ“ од Бојник.
Оркестрите ќе се натпреваруваат за избор на најдобар тапанар, трубист, тубист, баритонист и најдобар оркестар.
Организатор на настанот е Ансамблот на народни ромски игри и песни “Рушит Шакир“ Куманово, а покровители се градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
(фото архива)