Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Oпштината Старо Нагоричане во првата половина на септември ќе започне да се реализира проект за заштина на културно наследство вреден 1 милион еврa.
Проектот го финасира Европската комисија за култура и опфаќа целосна конзервација и ревитализација на комплексот на црквата „Свети Ѓорѓија“, кој треба да биде завршен за 18 месеци. Конзерваторскиот центар од Скопје ја изработил комплетната документација и плановите за ревитализација, кои се предадени на ревизија во Европската комисија за култура, од каде треба да се утврди дали се во согласност со пропишаните стандарди од Европската Унија. Откако ќе ги помине сите филтри Министерството за култура преку Управата за културно наследство треба да го релизира проектот. Од општината Старо Нагоричане уште во септември 2009 година го потпишала договорот со донаторот, и по сите подготовки наскоро очекуваат за започнат работите на терен.
Најавено е дека работите ќе започнат во септември. Проектот предвидува целосна заштина на надворешниот дел на црквата, поправање на кровот и хидроизолација на објектот, потоа осветлување, оградување и уредување на дворот. Адаптација на зградата на старото училиште за етномузеј со сувенирница, обновување на испосницата на светецот Прохор Пчињски, уредување на селската чешма, изградба на плато со бина за одржување на културни манифестации и места за седење на публиката. Проектот претставува една културно-туристичка целина во центарот на Општината- вели Миодраг Јовановиќ, градоначалник на Старо Нагоричане.
Со проектот, било предвидено да се обноват и три автентични стари куќи за краткотраен престој на туристи, но подоцна се исфрлени од преоктот бидејќи се во приватна сопственост. Вредноста на првично одобрената сума на проектот од 836.000 евра е зголемена на 1 милион евра.
Општината Старо Нагоричане е првата општина во државата што добила ваков проект за кој аплицирала во 2008 година. Во конкуренција биле и црквата „Света Богородица Перивлептос“ во Охрид, Златковата кула во Кратово и куќата на Рефик Сеља во Дебар. По извршаната селекција поминал проектот на црквата „Свети Ѓорѓи„.
Со овој проект го гледаме економскиот развој на општината. Со новите содржини ќе има и нови вработувања, и со тоа ќе започнеме туристичкиот развој на овој регион кој е богат со културно-историски споменици, како што се мегалитската опсерваторија „Кокино„, меморијалниот центар „АСНОМ„, споменикот „Зебарњак„, црквата „Карпино„, и многу други - вели градоначалникот Јовановиќ.
Црквата "Свети Ѓорги" е карактеристична по камениот олтар, специфичната градба од две временски фази од 11 и 14 век, и византискиот фрескоживопис најраскошен од тоа време.