Минирање на патот Опае-Белановце-Станчиќ
04.12.2015 10:00
| KumanovoNews
Минирање денеска ќе има во липковскиот регион.

Во периодот од 8 до 16 часот на регионалниот пат во изградба Р29272 делницата Опае – Белановце – Станчиќ – граница со
Косово, во близина на границата со Косово, ќе има минирање, информираат од Регионален центар за управување со кризи. Минирањето ќе го врши Рудпроект од Скопје.