×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерството за финансии ги исплати блок дотациите што ги должеше на училиштата во Куманово

    19.12.2024 11:50 | KumanovoNews

    Министерството за финансии исплати блок дотации во висина од 9 милиони денари на Општина Куманово, кои ги должеше на образовните институции за трошоци во секојдневното работење.

    Министерството за финансии ги исплати блок дотациите што ги должеше на училиштата во Куманово

    Од вкупните средства, 5,9 милиони денари ќе се искористат за потребите во основните и 3 милиони денари за средните училишта. 

    Со овие средства ќе се покријат долговите кои се направени во изминатите две години кон јавните претпријатија „Водовод“ и „Чистота и зеленило“ во висина од 2 милиони денари, за набавка на горива околу 2,6 милиони денари, за превозни услуги 1,8 милиони денари и за реконструкција на објекти околу 600 илјади денари.

    Затоа што овие средства се уплатени по затворање на буџетот за тековната година, денеска Советот на Општина Куманово одржа итна седница за проширување на средствата  за 2024 година.

    „Вчера добивме известување од Министерство за финансии дека Општина Куманово и е префрлен зголемен обем на блок- дотации во износ од 9,037 милиони денари. Поради тоа што трезорската сметка, преку која вршиме плаќања се затвора во понеделник, 23 декември, мораше денеска да се донесе оваа одлука, во спротивно би требало парите да се вратат на министерството. Со тоа и долговите на училиштата би останале неподмирени“, истакна во образложението Виолета Димитриевска, овластена раководителка на Сектор за финансии, пред советниците.

    Предлогот  беше прифатен со 24 гласа за, и 3 воздржани. 

    Одлуката на Министерството за финансии да уплати поголем износ на блок дотации уследила по известувањето на Општина Куманово до Министерството за образование дека состојба со долговите во училиштата е алармантна, поради нередовната исплата на дотациите во изминатите години.