×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министри ќе го решаваат водоснабдувањето во Куманово?

    13.06.2012 11:02 | KumanovoNews

     Директорот на ЈП“Водовод“, Виктор Божиновски очекува премиерот и ресорните министри да извршат притисок врз раководството на Водостопанство за го пуштат стариот вод т.н бај пас и да се обезбеди вода во повисоките зони.

    Министри ќе го решаваат водоснабдувањето во Куманово?

    Божиновски вели дека 20% од жителите на Куманово имаат проблеми со низок притисок или вода добиваат во вечерните часови. Како критични точки се наведуваат село Черкезе, населбата Перо Чичо, дел од населбата Карпош. Директорот на ЈП“Водовод“ вели дека ако има добра волја проблемот може да се реши за 45 минути. На високи температури потрошувачката за вода се зголемува и дотурот од 140 литри во секунда е неопходен.

    Јавно ги повикувам луѓето вработени во Водостопанство да ги преземат потребните мерки и да го пуштат бај пас водот. Сите заедно да излеземе од од оваа агонија. Денеска во Куманово ќе дојде заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски на разговор и се надеваме дека ќе изврши притисок за да се реши водоснабдувањето. Водостопанство е претпријатие во надлежност на Владата - рече Божиновски.

    За споредба лани бас пас водот е пуштен на 1 април, а годинава се доцни. Божиновски не верува дека водот е хаварисан, и вели дека Унијата на жени на ВМРО - ДПМНЕ не е повикана да зборува на оваа тема.