×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мирослав Крстевски учествуваше на светскиот конгрес за фолклор

    31.10.2014 09:47 | KumanovoNews

    Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на КУД “Панче Пешев“, од 21 до 26 октомври, учествуваше на 44-от светски конгрес на ЦИОФФ - фолклорни ансамбли, култура и традиција во Бауцен, Германија.

    Мирослав Крстевски учествуваше на светскиот конгрес за фолклор

    “На овој конгрес беа разгледани повеќе прашања од областа и работата на ЦИОФФ организациите и УНЕСКО. Беа воспоставени повеќе контакти со многу земји од светот од ЦИОФФ организациите. Учеството на овој конгрес отвори големи можности за соработка во областа на културата и други дејности. Го претставив друштвото од кое доаѓам и на тој начин беше презентиран нашиот град и нашата држава“ - објаснува Крстевски.

    Крстевски бил во својство на генерален секретар на Сојузот на фолклорните ансамбли на Македонија (ЦИОФФ за Македонија) и се сретнал со претставници од Црна Гора, Словенија, Русија, Италија, Шпанија, Бугарија, Турција и други држави.

    На светскиот конгрес учествуваа 156 делегати од над 90 земји.