Младите бесплатно со воз на Пивофест
17.07.2014 12:55
| KumanovoNews
Македонски Железници ќе обезбедат бесплатни билети на сите млади до 26 години, кои сакаат да патуваат со воз на годинешната манифестација Пивофест.

Сите заинтересирани, само со лична карта можат да добијат гратис билет на благајната.
Вонредни возови нема да има, а ќе се користат само редовните линии за Прилеп.