×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите ќе маршираат во знакот на хуманоста

    07.05.2012 10:04 | KumanovoNews

     По повод денот на Црвениот крст и Црвената полумесечина, утре точно напладне од Градскиот плоштад волонтери, средношколци и основци ќе маршираат низ градот.

    Младите ќе маршираат во знакот на хуманоста

    На нивните облеки ќе стои знакот на Црвен крст. Целта е кај луѓето да се разбуди чувството на хуманост.

    И годинава ќе биде исценирана сообраќајна несреќа, а волонтерите ќе симулираат како правилно се укажува прва помош. Потоа ќе има хепенинг, а на плоштадот ќе бидат поставени штандови каде ќе има брошури со информации за работата на Црвениот крст.

    На настанот ќе бидат присутни 40 наши волонтери и плус уште 50 деца од сите албански и македонски училишта во градот. Сите кои сакаат да придонесат за општеството можат да се приклучат на нашата организација, независно од возраста. Собрани се 10.000 денари од граѓани како добротворен прилог и се направени 20 пакетчиња кои до крајот на неделава ќе бидат поделени на сиромашни семејства, инвалиди, загрозени граѓани. Не е многу, но сепак се трудиме, и тоа е некаква помош  - изјави Шпејтиме Исени, координатор за социјална дејност во Црвен крст.

    “Младите се на потег“ е мотото со кое годинава настапува Црвениот крст. Огранокот на оваа организација во Куманово дејствува повеќе од 30 години.