×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите да внимаваат да не станат жртви на трговија со луѓе

    31.10.2014 10:49 | KumanovoNews

    Во средното училиште “Перо Наков“ денеска се одржа предавање за трговија со луѓе, организирано од здружението МОТУС и отсек за превенција при СВР Куманово.

    Младите да внимаваат да не станат жртви на трговија со луѓе

    На предавањето беше кажано дека луѓето од дисфункционални семејства, кои се во тешка економска состојба, лесно може да бидат измамени, со ветување дека во странство ќе им се обезбеди подобар живот. Предавачите им порачаа на учениците дека во секојдневниот живот треба да внимаваат за да не бидат жртви на трговија со луѓе.

    “Она што тука ќе го слушнат треба да го знаат за себе, но и да го пренесат на пријателите. Сите треба да внимаваат во секој аспект од животот, при вработување, при патување во странство и секаде каде што може да се јави сомнително однесување. Доколку забележат во училиштето трговија со луѓе, прво треба да се обратат во стручните служби, или во надлежниот орган полицијата. Оваа ни е последна од серијата работилници кои ги правиме по повод 18 октомври - Светскиот ден за борба против трговија со луѓе“ - вели Гоце Дамњановски, потпретседател на МОТУС.

    Претходно вакви предавања беа организирани во земјоделското училиште “Киро Бурназ“, “Христијан Т.Карпош“ во Драгоманце, ученички дом “Професор Мијалковиќ“ и во “Перо Наков“.