×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите дискутираат за човековите права

    25.07.2013 09:26 | KumanovoNews

     Седумдесетина млади луѓе од повеќе европски земји денеска во Куманово, дискутираат за човековите права, социјалната инклузија и говорот на омраза на интернет во рамки на меѓународната конференција што ја организира Центарот за меѓукултурен дијалог.

    Младите дискутираат за човековите права

    Учесниците сметаат дека темите се актуелни, заслужуваат внимание и она што ќе го научат треба да го пренесат на своите врсници.

    Јас доаѓам од невладината организација АДП Зид која почнала да работи во 1994 година. Ова ми е прв семинар на кој ќе се зборува за човекови права. Што се однесува до Црна Гора ние често имаме конфликти поради различни вери, националности, не директно, но има такви проблеми. Се надевам дека ќе научам нешто ново - изјави Милена Степановиќ од Подгорица.

    Сите сесии од конференцијата ќе бидат интерактивни, а по 27 јули  учесниците ќе заминат во Маврово, потоа следи посета на Струга и на крај одат во Скопје каде ќе биде завршниот дел.

     Ова мене ми е трето учество на ЈЕУ конференција и секоја година се оддржува на различни места. Оваа година сме во Македонија и многу ми е драго што сме овде со оглед на тоа дека јас доаѓам од блиску, од Лесковец. Мислам дека ќе биде многу интересно со седумдесет луѓе да се зборува на тема како што е социјална инклузија, говор на омраза на интернет и како тоа да се вклопи во друштвените медиуми кои денес младите многу ги користат. Како да се заштитат од потенцијални непријатности и онлајн и офлајн - рече Тамара Гојковиќ од Лесковац.

    Младите ќе зборуваат за тоа дали човековите права важат и на интернет и дали се почитуваат.

     Предвидени се  различни методи на работа  како групна работа, симулации. Ќе завршиме со една голема конференција во Скопје на 5 август. Првпат сме домаќини на ваква конференција со тоа што ЦИД стана член на оваа меѓународна мрежа пред две години. Ние имаме чест да хостираме луѓе од повеќе од 15 земји во Македонија - вели Матеј Маневски, координатор на проектот.

    На 32 - та конференција на ЈЕУ има учесници од Кипар, Грција, Турција, БИХ, Чешка, Бугарија, Молдавија и други земји.