Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младите на возраст од 15 до 24 години и жените од руралните средини треба да се вклучат во граѓански активизам.
За таа цел организацијата Норгесвел од Крива Паланка, заедно со Бујрум и Гласот на селото од Куманово го спроведуваат проектот со наслов “Граѓанско учество во руралните средини“. Проектот почна во јули 2015 година и ќе трае до јули 2016 година.
Сакаме со младите и со жените од руралните средини да воспоставиме соработка и да го пренесеме знаењето од нашите експерти, за одредени демократски права и можности за развој во нивните средини, да ги поттикнеме нивните потенцијали на начин со кој ќе ги охрабриме да се организираат во своите средини. Да ги адресираат своите потреби и проблеми - изјави Даниела Анастасовска, проект менаџер.
Младите денеска се запознаа со целите на проектот, а предвидени се три обуки за нив и една за лицата со посебни потреби.
Предвидени се обуки на кои младите ќе добијат знаења за различни теми и тоа граѓанско учество, екологија и други теми. Јас сум претставник од Бујрум, ние сме партнери во овој проект. Според мисијата и визијата сме вклучени во овој проект. Внатре има многу ученици и се надеваме дека ќе се пријават за обуките - вели Александра Тасиќ, член на Бујрум.
Пред присутните беше кажано дека во руралните средини малку се вложува затоа што има помал број на гласачи. На младите им беше потенцирано дека треба да се носат со предизвиците на заедницата.
Проектот е поддржан од проектот за граѓанско општество на УСАИД кој го спроведува ФООМ.