×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите кумановци бараат работа

    12.08.2013 14:45 | KumanovoNews

     Најголем проблем за младите кумановци е невработеноста и затоа бараат од државата повеќе работни места и подобри услови за живот за да останат во градот.

    Младите кумановци бараат работа

    Денеска се одбележува Меѓународниот ден на младите, а статистиката вели дека во Агенцијата за вработување во јуни годинава се регистрирани 829 невработени на возраст од 20 до 24 години кои активно бараат работа. Од 25 до 29 години има 864 невработени, а 130 лица без работа се на возраст од 15 до 19 години.

    Ивана Давидовска претседател на Национален младински совет на Македонија, смета дека младите во нашето општество се многу апатични и треба да им се даде простор да носат одлуки поврзани со младинскиот живот.

    Македонија е земја од каде младите мигрираат поради економски или образовни причини. Некои миграции се постојани, некои привремени. Младите откако ќе се вратат од работа на брод или од Америка треба да им се овозможи она што таму го научиле овдека да го применат. Неколку истражувања покажаа дека младите доживуваат демотивација и немаат волја да бидат активни - изјави Давидовска.

    Таа вели дека невработеност и меѓуетничките тензии се проблеми кои најмногу им пречат на младите. Незјиното мислење го делат и други нејзини врсници, но додаваат дека во градот недотасуваат и факултети, културни настани, паркови и многу други урбани содржини.

    Фалат многу работи. Кога имаш работа, имаш се. Факултетите кои ги отворија не се баш како што треба, нема квалитет. Во градот недостасува голем базен, треба стадионот да се направи, да се изградат спортски игралишта, да има повеќе концерти. И младите од различни националности треба да се дружат, а не да се мразат - вели момче од Куманово.

    Тања Митковска смета дека во градот има многу млади образовани кадри, но за нив иднина нема.

     Нема услови за работа. Mладите немаат перспектива бидејќи работат за 8000 денари. Треба од себе младите да тргнат, да се менуваат. Да бидат активни, сложни, да кренат глас и да одлучуваат за себе. Ако газдата слабо не плаќа треба да се  побуниме сите бидејќи тој зависи од нас, а не ние од него. Ни фали култура, свесност и самоконтрола - додава Митковска.

    Голем дел младите перспективата ја гледаат во заминување на печалба во Авганистан, но и тоа не е решение на долг рок.