Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на Клубот на младите на СДСМ, денеска однесоа торта и прехрамбени производи на корисниците во дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 17 години „Порака-наша„.
Акцијата ја организираа по повод големиот христијански празник Велигден.
Дојдовме да ги посетиме оние наши другачиња, а мене лично ме врзува и едно пријателство од детството со штитеник на центарот. Донесовме торта, прехрамбени производи и сретства за лична хигиена, кои им се неопходни. Од нив добивме искрена насмевка и тоа ние доволно. Ние ќе продолжиме со оваа кампања и ќе се бориме за правата на младите, и секогаш ќе најдеме време да помогнеме центарот непречено да ја врши неговата функција- изјави Младен Давидовиќ, претседател СДММ Куманово.
Од име на корисниците се заблагодари претседателката на „Порака-наша„, Благица Димитровска.
Многу ми е драго што овие млади луѓе се сетија дека тука имаат врсници. Мојот син Александар и Младен се родени во иста година и живееа во иста зграда. Другари се од детство, но судбината сакаше да се разделат и да тргнат на две различни страни, но не се зборавија, а тоа го покажува и денешнава посета. Јас сум годра што исчував дете што знае само што сака, иако тежината што ја носам, ја носат сите родители од нашево здружение. Затоа ги повикувам заедно да дадеме придонес нашите деца да бидат рамноправни граѓани на ова општество- изјави Димитровска.