×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите од ВМРО - ДПМНЕ и ДПСМ даруваа крв

    07.03.2013 15:52 | KumanovoNews

     Младите членови на ВМРО - ДПМНЕ и ДПСМ денеска даруваа крв во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

    Младите од ВМРО - ДПМНЕ и ДПСМ даруваа крв

    Оваа крводарителска акција е предвидена согласно нашиот акционен план којшто е доставен до општински изборен штаб на ВМРО - ДПМНЕ во Куманово и на некој начин до централата на ВМРО - ДПМНЕ на Унијата на млади сили. Ова е хуманитарна акција која ја организираме по петти пат. Во оваа календарска 2013 година за првпат организираме крводарителска акција, тука не застануваме. Досега согласно проекциите беше предвидено на оваа крводарителска акција да се појават 40 до 50 крводарители. Но таа бројка ќе се надмине. На половина од акцијата сме, и досега има собрано околу 40 единици крв - изјави Срѓан Ивановски, претседател на УМС на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.

    Тој порача граѓаните да даруваат крв бидејќи оваа драгоцена течност спасува животи.

     На покана на Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ ние се одзвавме. Поканата беше добро прифатена од нашите членови. Тука има околу 20 наши членови, се надевам дека до крајот на акцијата бројката ќе се зголеми. Има млади луѓе кои чекаат во ред за да даруваат крв. Со ова сакаме да пратиме порака до граѓаните во Куманово, без разлика на партиска, верска или било каква определеност треба да се обединиме, да организираме вакви хуманитарни акции, да им помогнеме на граѓаните - вели Далибор Китановиќ, претседател на млади од ДПСМ.

    Крводарителската акција е организирана во соработка со Црвен Крст Куманово.