Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Меѓу нив имаше млади од ВМРО - ДПМНЕ, ЛДП, ДПСМ, СДСМ и од граѓанските здруженија.
Направен е првиот чекор за составување на Локален младински совет. Осумнаесет апликанти вчера потпишаа договори во просториите на Младинскиот центар “Мулти Култи“. Меѓу нив имаше млади од СДСМ, ВМРО - ДПМНЕ, ЛДП, ДПСМ и од граѓанските здруженија.
Договори потпишаа застапниците кои се заведени во Централен регистар. Во септември ќе се формира и бордот, ќе се избере човек кој ќе раководи со советот. Вакви совети има во сите соседни држави. Ќе разработуваме теми кои се важни за младите. Локални младински совети има во Струмица, Прилеп, во помалите градови, а Скопје сеуште нема свој локален младински совет - велат од Центар за меѓукултурен дијалог.
Тие наведуваат дека ќе се занимаваат со социјални прашања. Сметаат дека малдите како општествена група треба да имаат одредени бенефиции, да можат студентите да имаат попусти за превоз или со индекс да одат на театарски претстави. Идејата за едно вакво тело ја потегнаа младите од невладиниот сектор во мај годинава. За своите барања тие планираат соработка со Советот на Општина Куманово.