Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одбиен е предлогот да се субвенционира паркирањето за жителите во централното градско подрачје, булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „11 Октомври“, што го поднесе советникот Благојче Јаќимовиќ на НСДП.
Предложента точка воопшто не беше ставена на дневен ред, бидејќи не доби поддршка од мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, па подоцна предлагачот го повлече амандаманот и не се расправеше по него кога се носеше буџетот.
Според предлогот, Општината треба да издвои 3,5 милинони денари за тест период од 6 месеци.
„Пилот проектот би се спроведувал од 1 јануари до 30 јуни 2025 година, а доколку е потребно општинските служби би можеле да го допрецираат правилникот. Доколку се донесе ова одлука би се однесувала за граѓаните кои немаат дворно место, гаража или паркинг простор, а во неа би се вклучиле и вработените во институциите, Општината и другите установи- наместо да плаќаат илјада денари месечно за паркинг билет, би плаќале повластена цена од 500 денари месечно“, елаборираше советникот Јаќимовиќ, кој смета дека со ова мерка ќе се ослободи јавниот простор во околните улички и зеленило кои ги узурпираат граѓаните за да избегнат плаќање на паркинг.
Предлогот предвидува 1 милион денари да бидат за обележување на сите паркинг места во централното подрачје и во зоната Б, а 500 илјади денари да бидат распоредени за сите оние лица вработени во јавниот сектор. Останатите 2 милиони ќе се наменеа за за субвенционирање на јавното претпријатие.
Советникот Благојче Јаќимовиќ по трет пат предлага ваква мерка за субвенционирање, а минатата година аргументираше и со тоа дека со бесплатен јавен превоз се привилегираат одредени граѓани во однос на други, кои немаат потреба од користење на јавен превоз.