Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Средното економско училиште “Перо Наков“ утре го слави партониот празник,а покрај другата програма ќе биде организирана и модна ревија.
- Учениците сакаат да се претстават со мала модна ревија и модели кои ги работат во нашата школска работилница, под водство на наставници кои се задолжени за практична настава. Вклучени се ученици од трета и најмногу од четврта година. Моделите се по избор на учениците, но бидејќи се матуранти, ги очекува прослава на матурски вечери, работат на свечени модели. Манекени се бираат од нашето училиште и со тоа вклучени се повеќе струки - вели Марина Радевска, наставник по текстилни струки.
Таа додава дека учениците своите модели ги презентирале во Скопје, Струмица, а пред три години имале поголем успех каде нивен ученик бил во Полска на меѓународен натпревар.