×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во модуларната ковид - болница ќе се премести одделот за физикална терапија

    06.03.2025 11:33 | Оливера Пешевска

    Модуларната болница која беше поставена за време на ковид-кризата се адаптира за потребите на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница Куманово.

    Во модуларната ковид - болница ќе се премести одделот за физикална терапија

    На објектот веќе е интервенирано на електричната мрежа, по што ќе пристапи на уредување на внатрешноста на просторот за новата намена.

    „Двојно и тројно е зајакната електричната мрежа за да нема проблеми со напојувањето и испади од системот, поставена е инсталација со  висока противпожарна заштита, направено е по сите стандарди. Министерството за здравство ни одобри и буџет за да се спроведе реконструкција на објектот, како дел од поголем зафат кој го планираме во наредниот период“, изјави д-р специјалист Стефан Трајановски, директор на болницата.

    За поголема пристапност на пациентите планирана е реконструкција на сообраќајниците и паркиралиштата во болничкиот круг. Пациентите со повреди на долните екстремитети или тешко подвижни, полесно ќе доаѓаат на терапија.

    Модуларната болница во Куманово има корисна површина од 650 м2, што остава доволно простор за поставување на неопходните машини, апарати и кревети за пациентите, но и за посебен канцелариски дел за лекарите и вработените.

    Одделот за физикална медицина и рехабилитација работи на приземјето во амбулантната болничка зграда, откако пред неколку години беше преместен од локацијата каде што сега ќе се врати, бидејќи со години работеше во несоодветни улови во старите бараки. Но, и новиот простор се покажал како несоодветен и тесен.

    Просториите во зградата што ќе се ослободат ќе бидат пренаменети за амбулантни прегледи на пациенти со упат до Одделение за интернистички прегледи, хирургија и ортопедија.    

    Модуларната болница во Куманово беше пуштена во употреба во август 2021 година.