×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МОН испрати прашалник до училиштата и родителите дали сакаат пролетен распуст во новата учебна година

    10.07.2024 16:13 | KumanovoNews

    Наставниците, учениците, родителите/старателите може да го дадат своето лично мислење за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025, поради различните ставови во пролетниот рапуст во измината учебна година, соопшти Миниистерството за образование и наука (МОН).

    МОН испрати прашалник до училиштата и родителите дали сакаат пролетен распуст во новата учебна година

    Во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, МОН сака да го чуе мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.

    „Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење“, соопшти МОН.

    Со пролетниот распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку пак се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година.