×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Можности за стартап компании од Североисточен регион

    12.02.2024 15:26 | KumanovoNews

    Во рамки на проектот „ЕУ за економски раст“,поддржан од ЕУ, а имплементиран од ГИЗ, во тек е отворен повик за сите заинтересирани кои имаат нов бизнис или пак сакаат да развијат иновативно решение.

    Можности за стартап компании од Североисточен регион

    Програмата обезбедува единствена можност за сите амбициозни поединци кои сакаат да ги трансформираат своите бизнис идеи во реалност. Фокусот е на Североисточниот плански регион.

    AllBiz Акцелератор е организација која е формиран минатата година како резултат на проект „ЕУ за економски раст„ и има за цел да помогне на младите луѓе од регионот да создадат нови бизниси во различни индустрии. Програмата предвидува менторство, поврзување со глобална мрежа на инвеститори и ко-финансирање до максимална сума од 40.000 евра.

    Сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации на два физички настани неделава: четврток, 15.02.2024 во Куманово, гимназија Сами Фрашери, 14.30-15.30ч. и петок, 16.02.2024 во Крива Паланка, Општинска зграда, 11.30 ч-12.30 ч. Регистрација не е потребна.