×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МТСП не ја дава на Општина Куманово поранешната касарна во нас. Карпош за отворање на градинка

    04.09.2023 15:08 | Оливера Пешевска

    Објектите на поранешната касарна во населбата Карпош остануваат под надлежност на Министерството за труд и социјална политика(МТСП), откако е одбиено барањето на Општина Куманово за давање на трајно користење за отворање на детска градинка.

    МТСП не ја дава на Општина Куманово поранешната касарна во нас. Карпош за отворање на градинка

    Поранешната касарна се наоѓа на ул.120 во нас. Карпош и се протега на површина од 76.500 м2, со повеќе објекти. Во сопственост е на државата, а од 2015 година е доделена на МТСП. 

     На 11 август годинава Општина Куманово поднела барање до МТСП со предлог одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари. Намерата била објектите да бидат преадаптирани и пренаменети во детска градинка, но добиле негативен одговор.

    „Ве известуваме дека Министертсвото нема да даде согласност на Одлуката за престанок и за давање на трајно користење на недвижни ствари на Општина Куманово“, стои во одговорот.

    Советникот од „Наше Куманово“ Зоран Јовановски, вели дека е неразумно тоа што е отфрлен предлогот, бидејќи граѓаните на нас. Карпош и околните населби имаат голема потреба од отворање на детска градинка.

    „По барање, апели и бројни реакции на нашите сограѓани и засегнатите жители на населба „Карпош“ доставивме барање до МТСП за да се дадат на трајно користење објектите на поранешната касарна за да се искористат за детска градинка. Барањето е одбиено што е вистинска штета, првин затоа што имотот е целосно запуштен и постојано се уништува, зградите се рапаѓаат и обраснати се во трева. Тоа е закана за безбедноста на месното население, се собираат кучиња скитници, има и змии, а се населуваат и бездомници па имаше и пожар. Тука поминува и улицата кон училиштето во населбата и ова место мора да се заштити а не да се остави да пропаѓа“, изјави Јовановски.

    Во одговорот на Министерството не е дадено образложение за донесената одлука, освен дека објектите остануваат под нивна надлежност. Не е дадено ниту објаснување за какви намени ќе се користат објектите во иднина. Кумановоњуз испрати прашања до МТСП  за одговор на овие прашања.

    Во предизборната камапања на локалните избори беа дадени ветувања дека ќе бидат изградени неколку градинки на територијата на Општина Куманово. Тоа досега не е направена, а одговорните во локалната самоуправа се правдаат дека немаат соработка и разбирање од централната власт.

    Претставници од централната власт, пак, тврдат дека државата има обезбедено пари, но општината нема изработено проекти и не сака да соработува за да се инвестира.

    И додека трае политичкото препукување родителите мака мачат каде да ги згрижат своите деца додека се на работа, на листа на чекање за во градинка се над 600 деца. 

    Општината го бараше и руинираниот Пионерски дом за да го реконструира и да му ја врати поранешната намена, но и тој предлог беше одбиен од Министерството за труд и социјална политика.