Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Муслиманските верници денеска и во наредните два дена го слават Рамазан Бајрам.
Со тоа завршува едномесечниот пост, со кој верниците се воздржуваа од храна, вода од зора до зајдисонце. Постот претставува и воздржување од лошите мисли, духовно воздигнување на моралните и човечките вредности. Во исламската религија Рамазан е светиот месец кој е деветти во лунарната година и секоја година се поместува за 10 дена наназад. Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување. Самиот ден кога се слави Бајрам започнува со Рамазан-Бајрамска молитва, пa се оди на гробишта да се посетат гробовите на предците и блиските. Потоа се честита празникот прво на најстарите, а потоа на останатите. Помладите секогаш одат кај постарите. За славењето на денот се приготвуваат и служат традиционалните бајрамски јадења, бајрамско месо, аландити и баклава. Празникот се слави 3 дена и за цело време се оди на честитање.